Вооруженото крило на милитантниот Хамас денеска соопшти дека е одлучено да се одложи вториот круг на ослободување на заложниците, објави весникот Хаарец.
Се додава дека „Израел не ги исполнил условите од претходно воспоставениот договор“.
Хамас посочи дека ќе го одложи ослободувањето на заложниците додека Израел не вети дека ќе им дозволи на камионите да влезат во северниот дел на Газа.
Во петокот, по 49 дена, Хамас ослободи 13 израелски заложници, од кои некои имаат двојно државјанство, како и десет државјани на Тајланд и еден Филипинец.
Од друга страна, Израел ослободи од затвор 39 Палестинки и малолетни деца.
Ослободувањето на заложниците е дел од привремениот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, кој стапи на сила во петокот.