Македонскиот фудбалски репрезентативец од редовите на Наполи, Елиф Елмас обезбеди победа за актуелниот италијански првак на гостувањето во Бергамо кај Аталанта (1:2). Победничкиот гол во 79 минута на асистенција од Виктор Осимен го постигна Елмас кој во игра влезе во 63. минута од клупата за резерви. Старо-новиот тренер на Наполи, Валтер Мацари му даде шанса на македонскиот фудбалер и не згреши, а Елмас му возврати:
– Му благодарам на Осимен за асистенцијата. Тој е исто како и јас заслужен за голот. Се гледа дека смената на тренерот донесе освежување во тимот. Мацари не сплоти. Покажавме заедништво на теренот. Одлично работиме. Срцето кое го покажав кон камерата беше за навивачите, навистина ги сакам сит,“ истакна Елмас, кому ова му беше втор погодок сезонава.
Наполи по 13 кола се наоѓа на 4. место со освоени 24 бодови. Лидер е Интер со 31, следува Јувентус со 29 бода и натпревар помалку, како и Милан со 26.