Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по повод можното коалицирање на Мицкоски со Апасиев во објава на Фејсбук напиша дека Мицкоски ја признал и ја потврдил желбата за коалиција со Левица.
„Вистинските вредности за кои се залага Мицкоски се исти како оние на неговиот потенцијален коалициски партнер, антиевропската Левица. Од партнер на демократскиот свет, на САД и ЕУ сакаат да ја вратат државата во времето кога беше изолирана и заробена. Тоа ќе ѝ донесе економска неизвесност, назадување и блокади“, потенцираше Костадиновска-Стојчевска.
Таа заклучи дека граѓаните не сакаат антиевропски политичари. Граѓаните сакаат политичари кои работат за сигурна иднина, поголеми плати, подобар животен стандард, за младите својата иднина да ја градат во европска држава, дома, во својата татковина.