Синоќа во Кисела Вода, Бојан Маричиќ се сретна со пензионерите од општината. На средбата, во заедничка дискусија и отворен разговор со пензионерите ги информираше дека на оваа Влада пензионерите и се многу важни. Посветеноста кон пензионерите се манифестира преку превземањето на нови мерки во Владата со што ќе се овозможи сериозна финансиска помош за овој важен сегмент од населението.
Финансиската помош ќе биде поголема за оние кои примаат помали пензии, односно реципротитетно за оние кои земаат повеќе.
„Односот кон пензионерите кажува во какво општество живееме и како сме воспитани. Наша цел е да не зависите од било кој политичар и било која Влада. Со законското решавање на пензијата целта ни е редовно два пати годишно да ви расте пензијата”
„Целта ни е, никого да не заборавиме. Нашата Влада, годиниве наназад, така и оваа година вложува во субвенционирање и на цената на струјата. Исплатата на К-15 се реализираше после долги години”
„Нашата битка е за добар живот тука, нашата битка е патриотска”.
Маричиќ ги информираше граѓаните на Кисела Вода, дека и покрај соочувањето со предизвиците во последните 3 години, сепак Владата успева да ги покачи платите во повеќето сектори.