Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во своја објава на социјалните мрежи се огласи околу преговорите на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев за коалиција за претстојните парламентарни избори.
Богоев смета дека нештата станале јасни и дека сега точно се гледа кој е за режим и изолација, а кој е за подобар животен стандард на граѓаните.
„Во Македонија има проруски и проевропски фронт. Фронт кој сака режим и изолација повторно и фронт кој сака повисоки плати, пензии и подобар животен стандард. Фронт за заробени медиуми, заробена држава и слободарски фронт“, вели Богоев во својата објава.
Тој испрати порака до граѓаните дека можат сами да изберат и одлучат.
„Глас за Апасиев е глас за Мицкоски и обратно. Коалиција Девица!“, заклучи Богоев во објавата.