Двојно повеќе повици на бројот 112 се регистрирани во изминатото деноноќие

Двојно повеќе повици имало вчера во споредба со петокот на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), поради наглите зимски временски прилики со дожд, снег и ветер. Вчера најмногу снег наврна на Попова Шапка, 22 сантиметри.

Од Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, утрово известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно и непречено во зимски услови по влажни коловози. Тие апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината согласно условите на патот.

Кон бројот за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.545 повици, според последниот извештај на секторот Е-112 за последното деноноќие.

РЦУК Тетово вели дека од 6 часот се укинува забраната за тешки товарни возила за патниот правец Гостивар-Стража-Кичево. Патниот правец кон с.Лукавеца ЕЛС Желино е непрооден, а луѓето се извлечени и се во своите домови.

На патниот правец Прилеп – Македонски Брод (превој „Барбарас“) има забрана за возила потешки од 3 тони, а регионалниот пат Прилеп – Витолиште (Мариово)  уште не е исчистен и е прооден само за теренски возила.

Треба да знаете
Последни објави