Каевски: Дали вредностите на Енвер Хоџа ќе ги преговара Мицкоски на маса со коалицискиот партнер Левица? 

Мицкоски ги сруши сите лажни маски на ДПМНЕ и ја призна желбата за коалиција со Левица. Наутро ДПМНЕ праќа соопштение против Левица а попладне Мицкоски зборува за коалиција со анти ЕУ и анти НАТО партија. Бадијала се сите соопштенија на ДПМНЕ, изјавата на Мицкоски ги потопи сите, соопшти на прес-конференција Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ и додаде:

-Остана неодговорени прашањата за кои вредноси е спремен Мицкоски за дилот со Левица. Дали се тоа вредностите на Левица против НАТО или против ЕУ? Или вредностите на диктаторот Енвер Хоџа ќе ги преговара Мицкоски на маса со Левица? Ќе оди ли Мицкоски следната година да му се поклони на диктаторот Енвер Хоџа како што тоа го направи Апасиев? Не е за изненадеување. Радикално вљубени во режим Левица е иста како ДПМНЕ, тие се лонче и капаче. А желбата за изолација на земјата и тортура врз неистимисленици им е заедничка матрица.

Се потврди се она што го говоревме. Мицкоски е во дил со партија која е против НАТО и ЕУ и фактор на дестабилазија, изолација и загрозување на европскиот пат на земјата.

Треба да знаете
Последни објави