Миовски обебзеди водство, Аберди не го сочува

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Бојан Миовски, продолжува со одличните игри за Абердин во шкотската Премиер лига и денеска повторно се запиша во листата на стрелци. Абердин сепак на домашен терен не го совлада Ренџерс (1:1) во меч од 14. коло во шкотскиот шампионат.

Македонскиот интернационалец беше стрелец на голот во 11. минута кога во стил на расен стрелец обебзбеди водстсво. Миовски во 80. минута го напушти теренот.

Неговите соиграчи не успеаја да се одбранат, а гостите израмнија на 1:1 во 94. минута преку Таверние кој стрелаше од пенал по еден крајно сомнително досуден удар од белата точка за гостите по реакција на ВАР судијата.

Треба да знаете
Последни објави