Актуелниот англиски фудбалски првак Манчестер сити и Ливерпул во дербиот од 13. коло на Премиер лигата ремизираа „Етихад“ (1:1). Од ремито профитираше Арсенал кој на гостувањето кај Брентфорд победи (0:1) и изби на лидерската позиција. Арсенал со 30 бодови е првопласиран, следуваат Манчестер сити со 29 и Ливерпул 28 бодови.
Сити прокоцка триумф во финишот од натпреаврот, па по последниот судиски свиреж па дојде до несакани сцени во кои беа актерите кои во тој момент беа на клупите за резерви.
Дарвин Нуњез ги мина завршните минути на клупата за резерви, а токму тој беше оној кој вербално му се нафрли на Пеп Гвардиола по последниот судиски свиреж. Трофејниот шпански стратег Гвардиола не ги прифати забелешките од Уругваецот па дојде до препирки. Се вклучи и тренмерот на Ливерпул, германскиот стретег Јирген Клоп во улога на миротворец.
– Нивната расправија немаше ништо со жестокото ривалство меѓу Сити и Ливерпул, мислам дека Дарвин се уште не знае ништо за ова ривалство. Да бидам искрен, јас не сум тој кој треба да дава објаснување за караницата, јас не бев инволвиран и тоа е изненадување за сите. Се обидов да ги смирам страстите, но не сфатив ниту збор од тоа што го кажаа, – порача Клоп, алудирајќи дека двајцата си разменувале зборови на шпански јазик.