Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Пожаране и Ѓуриште

На Попова Шапка попладнево е најстудено, минус осум степени, а максимални седум степени се измерени во Гевгелија и Демир Капија.

Според УХМР, во 16:30 часот минус два степени се измерени во Берово и Крушево, минус еден во Маврови Анови, нула степени во Охрид и Крива Паланка. Два степена се измерени во Штип, Претор и Виница, три во Битола, четири во Тетово и Прилеп, пет во Кавадарци, шест во Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец, Велес и Струмица.

Треба да знаете
Последни објави