Невремето ги одложи прволигашките фудбалски средби во Струга и Кратово

Фудбалската федерација на Македонија се одлучи два натпревари од 15.коло во ПМФЛ, Струга ТЛ – Воска и Силекс – Вардар да бидат одложени. Причината за ваквата одлука е лошата состојба на терените во Струга и Кратово по вчерашното невреме проследено со врнежи од дожд и снег.

Од истите причини вчера веќе беа одложени и неколку првенствени натпревари од ВМФЛ.

Натпреварите од 15. прволигашко коло: Работнички – Гостивар, Шкупи – Македонија ЃП и Тиквеш – Брера остануваат закажани за редовниот термин од 13 часот.

Треба да знаете
Последни објави