Шкупи и Тиквеш ја искористија предноста на домашниот терен не и Работнички

Шкупи и Тиквеш со по еден постигнат гол во мреѓите на Македонија ЃП, односно АП Брера ја искористија предноста на домашниот терен во денешните три одиграни средба од 15. коло во македонската фудбалска прволигашка конкуренција да ги освојат трите бода, а Работнички против Гостивар не постигна гол и дебито на новит тренер Гоце Седлоски беше со реми (0:0).

По денешниот триумф Шкупи повторно е лидер на табелата. За тоа се погрижи Марио Младеновски кој со удар со глава во 67. минута го постигна победничкиот погодок.

Работнички под водство на Седлоски, против Гостивар, на дуелот кој се одигра на стадионот од СЦ „Петар Милошевски“ крај ФФМ не го најде патот до мрежата на гостите. Работнички кусо се израдува на гол во 30. минута, но погодокот им беше поништен откако топката го зафати Стојановски кој беше во осфајд.

Мечот го одбележаа и две повреди, кај Работнички во првото полувреме мораше да излезе Ангелов, а во составот на Гостивар тоа му се случи на Тимовски во вториот дел.  

Мечот меѓу Тиквеш и Брера доцнеше 25 минути поради чистење на снегот кој се наоѓаше на теренот во Кавадарци.  Победничкиот гол беше постгнат во 71. минута кога по едно нафрлување, Стоименовски погоди со глава.

Резултати од 15. коло 
Работнички – Гостивар 0:0
Шкупи – Македонија ЃП 1:0
Тиквеш – Брера 1:0
Вчера 
Брегалница – Шкендија 2:2
Одложени за 6.12.2023
Силекс – Вардар
Струга ТЛ – Воска

Табела: Шкупи 31 бод, Шкендија 29, Струга ТЛ (-1) 27, Силекс (-1) 23, Работнички 20, Брера 19, Тиквеш 19, Гостивар 19, Воска (-1) 16, Македонија ЃП 15, Брегалница 15, Вардар (-1) 11 бодови.

Треба да знаете
Последни објави