Штајнмаер пристигна во дводневна посета на Израел

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер пристигна попладнево во Тел Авив во дводневна посета на Израел на покана на неговиот израелски колега Исак Херцог. Со Штајнмаер патува и претседателот на Бундестагот Бербел Бас.

Патувањето се смета за посебен знак на солидарност со Израел. Штајнмаер и неговата сопруга Елке Буденбендер, која исто така пристигна во Израел, се блиски пријатели на Херцог и неговата сопруга.

За денеска се планирани политички разговори меѓу двајцата претседатели.

Германскиот претседател ќе ги посети и Оман и Катар.

Треба да знаете
Последни објави