ЕВН: Екипите цела ноќ работеа на отстранување на дефектите на терен во екстремни временски услови

Електродистрибуција на Македонија информира за интервенциите и состојбата на терен во изминатото деноноќие, во кое обилните врнежи од снег предизвикаа голем број дефекти.

„Екипите на ЕВН од цела Македонија ја поминаа ноќта на терен санирајќи дефекти во многу лоши теренски и временски услови. Тие се уште работат на отстранување на вчерашните и ново настанатите дефекти од утринава. Оваа кризна состојба налага соодветна реакција од нашата компанија и затоа во вакви услови се користат апсолутно сите мобилни екипи на располагање. ЕВН воедно вложува енормни напори да се отстранат и дефектите кои се појавија во непристапни места, каде што екипите на Електродистрибуција физички не може да стигнат поради лошите теренски услови“, соопштуваат од ЕВН.

Обилните врнежи од снег предизвикаа голем број дефекти на среднонапонска и нисконапонска мрежа. Жители од повеќе населени места останаа без снабдување со електрична енергија.

Треба да знаете
Последни објави