Од 1 декември се враќа евтината дневна тарифа на струјата во перидот од 13 до 15 часот во денот

Од петок, 1 декември, домаќинствата ќе имаат дневна евтина тарифа за струја од 13 часот до 15 часот и од 22 часот до 7 часот секој ден, како и цел ден недела.

„Со воведување на дневната евтина тарифа домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во ден недела. РКЕ по направените анализи оцени дека се создадени услови домаќинствата да користат дополнителни часови во коишто надоместокот за потрошената електрична енергија ќе се пресметува по евтина тарифа. Податоците укажуваат дека инвестицискиот циклусот во обновливи извори на енергија го зголеми производството на електрична енергија со што директно се влијаеше врз намалување на цената преку ден“, соопштија од Регулаторната комисија за енергетика.

Најпрво ЕВН треба да ги ажурира сите струјомери. Компанијата уверува дека тоа ќе го стори во најбрз можен рок.

„Електродистрибуција поседува 170.000 броила со далечинска комуникација и 650.000 обични броила кои треба да се сетираат на лице место.Броилата ќе се сетираат уште во првиот месец (декември), освен недостапните кои ќе се сетираат во наредниот период“, велат од ЕВН.

Евтината тарифа преку ден ја врати СДСМ во 2017 како исполнето предизборно ветување, па по 3 години ја укина кога започна енергетската криза. Претстојното враќање на оваа тарифа повторно доаѓа на неколку месеци пред парламентарните избори.

Треба да знаете
Последни објави