Нема промени во стратегијата и пристапот на претседателот Џо Бајден за регулирање на конфликтот меѓу Израел и Хамас бидејќи тие даваат резултати, истакна денеска Џејк Саливан, советник за национална безбедност во Белата куќа.
На прашање за тоа каков ќе биде одговорот на претседателот Бајден на повиците од некои демократи да се услови воената помош за Израел, на што претседателот коментираше дека „вреди да се размисли“, Саливан за телевизијата Си-Би-Ес изјави дека димпламатијата помогнала да се осигура ослободување на заложници и пауза во бробите.
-Претседателот ја истакнаа таа идеја (за условена воена помош) но истовремено кажа и дека пристапот што го презедовме дава резултати, истакна Саливан.
Според него, тие резултати се „враќање на блиските кај своите семејства, пауза во борбите и пристигање на значајно зголемена хуманитарна помош, тоа е сѐ резултат на американската дипломатија која не беше неизбежна“.
Сепак, тој избегна да каже дали воената помош за Израел ќе биде условена.
Поголем број демократи го бараат токму тоа. Сенаторот Берни Сандерс во коментар за Њујорк тајмс неделава напиша дека „мора да се запре со пристапот давање бланко чекови на Израел“.
-САД мора да стават до знаење дека иако ние сме пријател со Израел дека има услови за тоа пријателство и дека неможеме да бидеме соучесници во акции шти го нарушуваат меѓународниот закон и самата наша смисла за пристојност, напиша Сандерс.
Војната во Газа која започна на почетокот на октомври уби повеќе од 12.000 Палестинци, според Министерството за здравство на појасот Газа. Во првичните напади на Хамас во Израел беа убиени повеќе од 1.200 лица, а уште 240 беа земени за заложници