Преку 400 илјади граѓани ќе бидат опфатени со антикризните мерки, кои се очекува веќе утре да бидат на седница на Владата, соопшти вицепремиерот Фатмир Битиќи.
-Со новите мерки ќе бидат опфатени најранливите категории, пензионерите, учениците, студентите и самохраните родители, што значи дека тие ќе може да сметаат на поддршка во наредниот период. За оваа цел ќе бидат искористени средствата од солидарниот данок кои најголемиот дел од компаниите веќе ги уплатија. Според моите сознанија остануваат уште дваесеттина компании кои си ја завршиле обврската и нивните сметки сè уште не се блокирани – информира Битиќи.