Македонскиот фудбалски репрезентативен напаѓач, Бојан Миовски одигра уште еден добар натпревар во дресот на шкотскиот Абердин за кој постигна погодок прптив Ренџерс, што за него е 11 сезонава.
Ренџерс и Абердин одиграа 1:1, а Миовски беше најдобриот поединец кај во редовите на својот тим, доказ за тоа е изборот на „Скај Спорт“ во кој се најде македонскиот напаѓач.
Миовски е единствен фудбалер од редовите на Абердин кој доби место во идеалниот тим за ова коло.