Трагедија се случи денеска во скопската Зоолошка градина.
На 44годишна возраст почина Ристе Трајковски, човекот кој се грижеше за жирафите во ЗОО и кој со својот невообичаен однос кон егзотичните животни беше инспирација за скопјани, но и за светски познати медиуми.
Неговиот погреб ќе се одржи утре, а причината за смртта се уште е непозната.
Набрзо по смртта на Трајковски, почина и последната жирафа во ЗОО Скопје, десетгодишната Флопи.
Овој понеделник, навистина е тажен ден за Скопје и за Зоолошката градина.