Голем број училишта во Брисел и во регионот Брабант ќе бидат затворени поради синоќешната закана со бомба, објави на својата веб-страница администрацијата на Советот за образование на Валонско-Брисел.
Советот донесе одлука за затворање на 27 училишта како дел од строго „придржување кон принципот на претпазливост“, пренесува Ројтерс.
Полициските служби истражуваат и прибираат дополнителни информации за кои јавноста ќе биде информирана во текот на денот.