Утрово во Скопје е исчезнато 14годишно девојче, ученичка во деветто одделение, Вања Ѓорчевска, последен пат видена на пат он своето училиште „Песталоци“
Мајката на Вања, објави апел на социјалните мрежи, до секој кој може да помогне во пронаѓањето на нејзината ќерка.
„Утрово во 7.20 мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и и’ се изгуби секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло плав џемперер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар Маало, на пат кон Песталоци. Ако имате било каква информација јавете се на 075 400 816“, напиша мајката на девојчето.
Таа во изјава за Фокус вели дека Вања е примерна ученичка, одговорна личност и затоа и се зголемува сомнежот дека е насилно одведена, односно киднапирана.