Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го прими американскиот милијардер Илон Маск во неговата канцеларија во Кнесетот, по посетата на Кибуц Кфар Аз.
Нетанјаху му покажа на Маск делови од филмот подготвен од портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) во кој се прикажани злосторствата и масакрите извршени од Хамас на 7 октомври, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот, пишува The Times of Israel.
Потоа одржаа проширен состанок на кој разговараа за вештачката интелигенција од безбедносни аспекти. На средбата присуствуваа високи претставници од безбедносните институции и лидери од областа на вештачката интелигенција и сајбер безбедноста, се додава во соопштението.