Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, од Барселона каде учествуваше на Регионалниот форум на Унијата на Медитеранот, патува за Брисел каде ќе учествува на НАТО Министерскиот состанокот.
Во фокусот на разговорите ќе бидат актуелните безбедносни предизвици, сојузничката долгорочна поддршката за Украина, како и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на НАТО Алијансата.
Воедно, сојузниците ќе се осврнат и на приоритетите на Алијансата во пресрет на НАТО Самитот во Вашингтон на кој ќе се одбележи 75 годишнината од нејзиното основање.