Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.11.2023 година (вторник) од 09 до 12часот, поради одржување на генерална проба во врска со 30-тиот Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година во СРЦ „Борис Трајковски”, кој ќе се одржи од 29.11.2023 во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
Имено за сообраќај ќе бидат затворени следните улици: бул.„Илинден” од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски” до крстосница со ул.„Љубљанска” и бул.„8-ми Септември” од крстосница со ул.„Скупи” до крстосница со бул.„Партизански Одреди”.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.