Американската актерка Синтија Никсон денеска се приклучи на петдневниот штрајк со глад пред Белата куќа, со кој се осудува улогата на американскиот претседател Џозеф Бајден во израелската офанзива на Појасот Газа и се повикува на итен прекин на борбите во таа област.
Актерката и активист Никсон е една од повеќе од 260 уметници кои претходно потпишаа отворено писмо во кое ги повикуваат претседателот Џо Бајден и Конгресот да се обврзат на прекин на огнот.
„Нашиот претседател да ја игнорира неверојатната загуба на животи ни најмалку не ги одразува желбите на огромното мнозинство Американци“, им рече Никсон на новинарите.
Никсон, најпозната по улогата на Миранда во серијата „Сексот и градот“, го покани Бајден „да ја почувствува таа емпатија по која е толку познат, да ги погледне децата од Газа и да замисли дека тие се негови деца“. Штрајкот со глад е организиран од десетици американски конгресмени и антивоени активисти.