Алкалоид во Нови Сад ќе се докажува

Македонскиот ракометен вице-првак Алкалоид, вечерва во Нови Сад (18.45 ч.) ќе го одигра последниот гостински натпревар во групата во Лига Европа, против домаќинот Војводина. „Фармацевтите“ ги загубија шансите да атакуваат на едно од двете водечки позции во групата кои носат продолжена меѓународна сезона. За српскиот шампион Војводина бодовите се потребни да го потврди токму пласманот на водечките позиции, а младиот состав на Алкалоид предводени од тренерот Кирил Лазаров има мотиви за самодокажување.

Екипата на Војводина пред еден месец во салата во СЦ „Јане Сандански“, го совлада Алкалоид со 31:26. -Голем предизвик. Војводина е сериозен противник, но ние сме подготвени и мотивирани да излеземе на терен и да се надигруваме, вели Иван Галевски, голманот на „фармацевтите“ во пресрет на денешниот меч во Нови Сад.

Алкалоид има само еден бод освоен на гости кај Ла Риоха и моментално е на последното место на табелата во групата, каде што Војводина и Силкеборг имаат по 6 бода, а Ла Риоха три освоени бода.

Треба да знаете
Последни објави