Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција на која го презентираше новиот пакет антикризни мерки посочи дека со последниот пакет антикризни мерки, обезбедена е поддршка за зголемување на ученичкот стндард, за основците и средношколците од ранливи категории на семејства со ниски примања, до 50,000 денари.
Тој објасни дека над 105.000 ученици во основното и средното образование во наредните шест месеци ќе добиваат по 1.200 денари, односно 1.800 денари месечно, за што од буџетот за оваа финансиска поддршка ќе се издвојат вкупно 14,3 милиони евра.
„15.000 студенти кои живеат надвор од местото на стдуирање, ќе добијат ваучер за превоз. Студентите во наредните 7 месеци месечно ќе добиваат ваучери во износ од 600 до 1.200 денари, за што се предвидени 2 милиони евра“ рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека во наредните пет месеци по 2.000 денари месечно ќе добиваат и корисниците на надоместок заради попреченост, за самохрани родители – корисници на Гарантирана минимална помош и за родители на деца со попреченост до 26 години. Со оваа мерка, како што кажа Ковачевски, се опфатени 16.741 граѓанин со вкупна буџетска поддршка од 2,7 милиони евра.