„Наше очекување е дека Владата односно владејачката коалиција ќе покаже трезвеност, кон тоа што е одговорност кон институциите на системот. Ние подолг период апелираме на одржување на заеднички избори. Па, ако се сеќавате имаше различни информации кои што ги профилираа тие, дури и дека имаше шпекулации дека планираат парламентарните избори да се случат некаде август, септември, дури и да се надминуваат тие рокови. Но, драго ни е што доаѓаат на позиции кои што се извор на наши подолг период”, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во гостување во „Тема на денот” на Сител телевизија.
„Но, на крајот на денот не е релевантно чиви биле тие позиции. Битно е заради предвидливост и на економијата, и на деловниот свет, и на сите наши граѓани зависно од која област тие работат, да знаеме кога се изборите. 2024-та година е изборна година и да можеме да тргнеме напред во рамките на законските исполнувања на сите тие процеси и државата да може во 2024-та година да добие нов претседател и нова Влада која што ќе може да ја води Македонија на вистински патеки”, рече Муцунски.
Муцунски додаде дека следејќи се што се случува во последниве години во Македонија, апсолутно ВМРО-ДПМНЕ е против ДУИ да има претседател на техничка влада.
„ДУИ е политичка партија која што во моментов, актуелното нејзино раководство и луѓето кои што се нејзини претставници во извршната власт секојдневно гледаме како преку медиумите, истражувачките медиуми, онлајн портали и различни граѓански организации не информираат како тие се извор на скандали и на корупција. И сосема несоодветно е кадарот од таа политичка партија е да ја води идната Влада”, нагласи тој.
Тој посочи дека со сигурност идната Влада ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ.
„За нас е значајно да имаме коалициони партнери, владина програма, да имаме политики, да дискутираме врз основа на принципи, да имаме Влада која што ќе биде насочена на привлекување на странски директни инвестиции итн.”, појасни Муцунски.