Сегашни и поранешни претседатели на САД и првите дами се собраа денес да оддадат почит на покојната прва дама Розалин Картер, сопруга на поранешниот претседател Џими Картер.
Џил Бајден, Меланија Трамп, Мишел Обама, Хилари Клинтон и Лора Буш, заедно со претседателот Џо Бајден, поранешниот претседател Бил Клинтон и други присуствува на церемонијата која е дел од серијата приватни и јавни настани организирани во Џорџија, кои кулминираат со погребната служба и погребот во домот на семејството Картер во Плејнс, објави „Пипл“.
Розалин Картер почина опкружена со семејството во неделата попладне, два дена откако влезе во болница по дијагнозата на деменција констатирана во мај. Таа имаше 96 години.
Таа беше во брак со Џими, 39-тиот претседател на Соединетите Држави, речиси осум децении и служеше како прва дама на нацијата за време на неговиот мандат во Белата куќа од 1977 до 1981 година.
Џими, кој ја прекина медицинската интервенција во февруари поради сопствените здравствени предизвици на 99-годишна возраст, останува во болница.