Осудениот Бојан Јовановски познат како Боки 13 е пуштен на слобода, потврди неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ.
Причината за пуштањето на Боки 13 е неговата лоша здравствена состојба, за што Кривичниот суд добил извештаи од повеќе лекари, како и од козилиjарни мислења.
Боки 13 ќе се лекува од слобода, откако му беше извршена операција и му беше отстранет желудникот.
Јовановски беше осуден на затворска казна за случајот „Рекет“, а неговите адвокати неколку пати досега повикуваа да му се прекине казната, бидејќи здравјето му е влошено и дека во затворот не може да биде соодветно лекуван. Осуден е за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари.
Адвокатот Туфегџиќ рече дека ја добиле одлуката од Кривичниот суд, за која вели дека е задоцнета, но праведна.