Бугарија дозволи прелет, Лавров може да пристигне во Скопје

Дилемата дали на 30. состанок на Советот на министри на ОБСЕ кој од 29 ноември до 1 декември ќе се одржи во Скопје, ќе учествува и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров е разрешена, откако официјална Софија даде дозвола за прелет на Специјалната водухопловна единица „Русија“ преку нејзиниот воздушен простор. Министерството за надворешни работи на Бугарија потврди дека дозволило прелет за авионот со кој министерот за надворешни работи на Русија, Лавров би пристигнал во Северна Македонија, соопшти прес-центарот на бугарското МНР.

Дипломатското овластување за прелет е од привремен карактер и важи 3 часа пред и 72 часа по назначениот датум. Детали за датумите од временската рамка не се објавени. Портпаролот на Европската  унија, Петар Стано изјави дека дозволата за прелет на авионот на руското министерство за надворешни работи не претставува кршење на санкциите против Русија. Состанокот на министрите за надворешни работи на ОБСЕ ќе биде одржан во Македонија која годинава беше вршител на должноста претседавач со ОБСЕ.

Во Скопје ќе допатува и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Треба да знаете
Последни објави