Познатиот пејач и поранешен фронтмен на групата „Бијело дугме“, Жељко Бебек доживеа незгода на еден од неодамна одржаните концерти по повод 50 години од неговата кариера.
Како што пишуваат српските медиуми, Бебек настапувал во Загреб, кога доживеал непријатност и паднал на сцената пред многубројната публика.
Во видеото кое многу брзо стана вирално, може да се види дека пејачот додека носел мегафон во раката и се приближувал кон публиката, наеднаш се струполил. Кога се обидел да стане, повторно изгубил рамнотежа и паднал.
На крајот, Бебек некако успеал да се приближи до музичарите за да се придржи, бидејќи очигледно имал проблем да остане на нозе.