Новото истражување сугерира дека не е важно само она што го јадете, туку и кога го јадете. Јадењето доцна навечер е поврзано со повисоки стапки на дебелина, дури и кога сите други фактори се контролирани.
Студија објавена во „Харвард Хелт Публишинг“ покажа дека јадењето четири часа подоцна прави значителна разлика во нивото на глад, начинот на кој согоруваме калории после јадење и начинот на складирање на маснотии. Исто така покажа дека нивото на хормонот лептин, кој сигнализира ситост после јадење, се намалува 24 часа откако ќе јадеме доцна навечер.
Па, што да правиме кога сме гладни на крајот од денот? Секако, не е решение да заспиете на празен стомак или да ја прескокнете вечерата иако часовникот се приближува на полноќ, туку треба внимателно да ја изберете храната по која ќе посегнете.
Џенин Боуринг, докторка по натуропатија, неодамна сподели корисно видео на социјалните мрежи во кое објасни која е единствената храна што можете да ја јадете навечер, а која нема негативно да влијае на вашата тежина или здравје. Всушност, тие носат големи придобивки.
-Гицкањето или јадењето доцна навечер не е она што го препорачувам. Но, ако го правите тоа, ова се единствените три намирници кои ги препорачувам за ноќе – советува Боуринг.
1. Јаткасти плодови
Јаткастите плодови како што се лешниците, бадемите или фстаците се одличен избор за доцни ноќни закуски. Мерката треба да биде една шака јаткасти плодови.
– Ова се одлични намирници бидејќи ви даваат малку протеини и здрави масти, па нема да бидете гладни пред спиење – објаснува докторката.
За потсетување, јаткастите плодови позитивно влијаат на здравјето на артериите, го намалуваат ризикот од хипертензија, го намалуваат нивото на лошиот холестерол, ризикот од згрутчување на крвта, воспаленија поврзани со срцеви заболувања…
2. Семиња
– Работите како сусам или семките од сончоглед се одлични бидејќи се полни со минерали кои можат да ви помогнат да спиете подобро – вели д-р Џанин.
Семињата се слични на јаткастите плодови во нивниот хранлив профил; тие се богати со растителни влакна, здрави масти, протеини, витамини… Се додека се грижите за големината на порцијата, можете да уживате во оваа хранлива закуска.
3. „Златно млеко“
Конечно, докторката препорачува да се испие чаша „златно млеко“ пред спиење. Овој напиток е направен од куркума, цимет и растително млеко, а по желба можете да го збогатите со повеќе зачини.
– Загрејте го и испијте го непосредно пред спиење. Фантастично е за одличен ноќен сон, ги има сите благодети на антиоксидансите од куркумата и има антиинфламаторно дејство – заклучува таа.