Легендарниот пејач Мишо Ковач (82г.) синоќа со брза помош бил пренесен на пулмолошкото одделение во болицата во Сплит. Хрватските медиуми пренесуваат дека пејачот бил хоспитализиран со многу висока температура и дека е задржан на лекување. Оваа вест за хрватските медиуми ја потврди неговата ќерка Ивана Ковач.
-Точно е, Мишо е во болница. Не е ништо сериозно, синоќа доби температура. Нема температура како нормален човек, па мораме да го однесеме во болница. Тоа е повеќе од претпазливост. Лекарите ќе го задржат некое време, а потоа ќе го пуштат дома, изјавила Ивана пренесува 24сата.хр.
Мишо Ковач минатата година требаше да настапи на новогодишната ноќ во Вуковар, но овој настап мораше да го откаже. Имаше висока температура.