Нема крај на измамите: Повторно до семејства се пријавуваат лажни сообраќајки на нивни блиски лица во обид да изнудат пари

Сведоштва од граѓни во последните денови укажуваат дека повторно е актуелна шемата за измама преку јавувања на телефонски број и укажување дека лице од најблиското семејство направило тепка сообраќајна несреќа по што јавувачот се обидува да изнуди сериозен износ на пари од роднините.

Корисничка на социјалните мрежи денеска посведочи дека неговата 86годишна баба добила токму таков повик.

„Внимавајте луѓе, денес, баба ми 86годишна жена, доби телефонски повик кој гласел:

„Добар ден се јавуваме од полициска станица, вашиот син (нагласиле име и презиме) доживеа тешка сообраќајна несреќа во Србија“ по што баба ми останала во шок. Брат ми го презел повикот по што следело спуштање на слушалка од нивна страна“ тврди корисничката на социјалната мрежа Фејсбук.

Сведоштво за сличен настан имаше и една скопјанка која викендов даде своја изјава за вестите на Телевизија Телма, која тврдеше дека  на нејзините родители кои се повозрасни лица, им се јавило машко лице со приказна дека таа направила сообраќајна несреќа.

Вакви измами беа мошне чести пред неколку години, а неколку скопски семејства освен со трауми, останаа и со значителна финансиска штета на своите семејни буџети.

Треба да знаете
Последни објави