Турската крајбрежна стража денеска соопшти дека го затворила Босфорскиот теснец во близина на Истанбул за бродови поради ветер и дожд.
„Поради лошите временски услови, теснецот Босфор во близина на Истанбул е привремено затворен за премин на бродови во двете насоки“, се вели во соопштението. Претходно за сообраќај беше затворен и теснецот Дарданели.
Во реонот на Истанбул е во сила жолт метео аларм поради урагански ветрови со брзина до 80 километри на час. Во изминатите 10 дена најмалку пет товарни бродови се насукаа во Црното Море во близина на брегот на Турција поради невремето.