Висок функционер на палестинската милитантна група Хамас, Осама Хамдан, денеска го покани американскиот милијардер и сопственик на социјалната мрежа Х, Илон Маск, да го посети Појасот Газа за да ги види последиците од израелското бомбардирање.
„Го повикуваме да ја посети Газа за да го види степенот на масакрот и уништувањето извршени врз луѓето во Газа“, рече Хамдан на прес-конференција.
Вчера Маск ги посети локациите во Израел каде Хамас ги изврши нападите на 7 октомври. Во таа прилика изјави дека ќе направи се што е потребно за да се спречи ширењето на омразата.