Младиот репрезентаивец од редовите на актуелниот шпански фудбалски првак Барселона, Гави утрово беше опериран по тешката повреда на коленото која ја заработи квалификацискиот натпреавр за ЕП-2024 против Грузија.
На Гави му се оперирани вкрстените лигаменти и менискусот.
Барселона ја потврди операцијата, но не соопшти колку долго ќе паузира фудбалерот.
Се претпоставува дека Гави ќе отсуствува од терените околу 8-9 месеци, а тоа значи дека не само што ќе ја пропушти оваа сезона, туку нема да игра за репрезентацијата на Шпанија ниту на Европското првенство и Олимписките игри.