Инетгрален текст од прес-конференција, Даниела Марковска, пратеничка на СДСМ:
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
И денеска нема закажано седница на Анкетната комисија за Онкологија, ДПМНЕ втор ден бега.
Срамната и неодговорна е злоупотребата на Анкетната комисија за случајот Онкологија од страна на ДПМНЕ и претседателката Рашела Мизрахи.
ДПМНЕ и Мизрахи покажаа дека нивната цел со комисијата воопшто не била вистината, не биле пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат.
Освен политички да ја злоупотребуваат Комисијата за ширење на невистини и манипулација на граѓаните.
Јавноста и ние пратениците се сомневаме дека намерата на ДПМНЕ е да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја попречува. А тоа се потврдува.
Во текот на вчерашниот ден Мизрахи и ДПМНЕ направија преседан во македонското Собрание.
Заклучоци напишани во Белата Палата, без ниту еден доказ и без основа, беа прочитани и комисијата прекината.
Без притоа воопшто и да се направи обид да се дојде до заеднички заклучоци, усогласени од членовите на Анкетната комисија.
Ваков скандалозен однос кон случајот, кон Комисијата, кон пациентите е недозволив.
Ние се спротивставивме за оваа злоупотреба, за овој преседан по што пратениците на ДПМНЕ, виде јавноста, цел ден бегаа од седницата. Еве истото се случува и денеска.
Сомнително е и тоа што единствено Милан Ристевски не беше пред анектната комисија, но за ова дополнително ќе се информираме.
Сега јавноста нема доверба во Мизрахи ниту во Комисија.
Некој кој се однесувал скандалозно и неодговорно, кој ја злоупотребувал функцијата во комисијата и македонското Собрание, нема кредибилитет да ја води.
Во името на пациентите на Онкологија, во името на вистината и правдата Мизрахи треба да си даде оставка за сите злоупотреби на комисијата.
Случајот Онкологија после 30 години го отворија институции во време на СДСМ и без разлика на ваквото однесување на ДПМНЕ одговорност за сите ќе биде утврдена.