Парламентот на Црна Гора ги усвои измените на Законот за попис

Пратениците во Собранието на Црна Гора ги усвоија измените на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите, јавува РТЦГ.

Црногорскиот парламент на тој начин ги поддржа измените на член 2 од Законот кои се однесуваат на датумот на пописот, така што, согласно претходната одлука на Владата, пописот ќе се одржи од 30 ноември до 15 декември, но со можност за продолжување од 15 дена.

За усвојување на измените на овој закон гласаа 64 пратеници. Парламентот на Црна Гора утврди дека има причини за итност и дека ќе стапи во сила со денот на објавувањето во Службен весник.

Треба да знаете
Последни објави