Ријад во Саудиска Арабија ќе биде домаќин на светскиот саем EXPO 2030, покажуваат резултатите од гласањето на 182 членови на Меѓународното биро за изложби.
Јужнокорејскиот Бусан и италијанскиот Рим исто така беа во игра за домаќин на светскиот саем, петгодишен настан кој привлекува милиони посетители и милијарди долари инвестиции.
Во првиот круг на гласање, 119 земји гласаа за Саудиска Арабија, 29 за Јужна Кореја и 17 за Италија. За време на гласањето немаше воздржани.
Победата е шлаг на тортата за амбициозната програма Визија 2030 на де факто владетелот, престолонаследникот Мохамед бин Салман, која има за цел да ја одвикне земјата од зависноста од нафта.
Критичарите велат дека принцот Мохамед сака да го искористи настанот за да го подобри имиџот на земјата по убиството на истакнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги во 2018 година, за кое западните лидери веруваат дека е наредено од принцот престолонаследник.