Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров вечерва пристигна во Скопје, со што се остварија најавите за негово доаѓање, но се оствари и планот на македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи.
Од друга страна како што сите знаат Русија е голем поддржувач на Србија во случајот со Косово, а Лавров недвосмислено во повеќе наврати изјавува дека Косово е дел од Србија.
Сепак Бујар Османи влезе во конфликт со министерката за одбрана Славјанка Петровска и речиси на сила го донесе министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во Скопје.
Прашање е каков е ставот на Бујар Османи по Косовското прашање и дали Бујар е единствениот Албанец кој ја поддржа целата операција на доаѓање на Лавров во Скопје.
За потсетувањем балтичките земји и Полска, наши традиционални партнери ги повлекоа своите минитри од ОБСЕ самитот доаѓањето на Лавров, а државниот секретар на САД и шефот на дипломатијата на Обединетото Кралство Ентоан Блинкен и Дејвид Камерун денес предвреме го напуштија самитот.
На крајот на денот, останува да ледби прашањето: Колку нашата држава ќе ја чини доаѓањето на Лавров?