Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека по завршувањето на примирјето, Израел ќе ја продолжи офанзивата во Појасот Газа, чија примарна цел е уништување на палестинската милитантна група Хамас.
-Главните цели се елиминација на терористичката група која владее со Газа и враќање дома на сите заложници киднапирани на 7 октомври, рече Нетанјаху во видео-обраќање, пишува денеска “Тајмс оф Израел“.
Израелскиот премиер додаде дека приоритет е да се осигура дека енклавата никогаш повеќе не претставува закана за Израел.
-Последниве денови го слушам прашањето: Дали Израел ќе се врати на борбите откако ќе заврши оваа фаза на враќање на нашите заложници? Мојот одговор е недвосмислено-да, рече Нетанјаху во видео обраќањето.