Денеска Полска поднесе жалба до Судот на правдата на Европската унија во врска со нелегалното складирање на германски отпад на нејзина територија, соопшти денеска полското Министерство за клима и животна средина.
„Полска поднесе жалба до Судот на правдата на Европската унија против Германија за непочитување на обврските од правото на Европската унија“, се наведува во соопштението за печатот, а пренесува агенцијата ПАП.
Според проценките на полското Министерство, во периодот од 2015 до 2018 година во Полска влегле околу 35.000 тони отпад.
Во октомври, Европската комисија го прифати мислењето на Полска за спорот со Германија во врска со наводното складирање на отпад на полска територија.
Според мислењето на ЕК, соопштено е дека Германија во рок од 30 дена не ја исполнила својата обврска да го отстрани отпадот, кој илегално бил транспортиран на југозапад од Полска.