Во денешното прекуредно 16. прволигашко фудбалско коло во Македонија, актуелниот шампион Струга ТЛ како гостин набрзина му даде два гола на најтрофејниот Вардар и на крајот го победи (1:3).
Струга по само осум минути игра му даде два гола на Вардар и ја најви победата. Прво Згуро во шестата од пенал го отвори резултатот, а потоа Таири само две минути подоцна зголеми на 0:2.
Вардар резултатски во игра се врати со голот на Милосавиќ по половина час од игра исто така од пенал. Единствениот гол во второто полувреме го постигна Компаоре за конечни 1:3.
Шкендија во второто полувреме го скрши отпорот на Работнички (2:0), Македонија Ѓорче Петров во последните десет минути постигна победнички погодок против Силекс (1:0). АП Брера со погодокот на Цветановски пред крајот на првото полувреме поведе против Брегалница, која, пак, во 94. минута дојде до бод на овој меч (1:1). Гостивар и Шкупи ремизираа (0:0).
ТАБЕЛА: Шкупи 32 бода, Шкендија 32, Струга 30, Силекс 23, Тиквеш 22, Брера 20, Гостивар 20, Работнички 20, Македонија ЃП 18, Воска 16, Брегалница 16, Вардар 11.