Според Spotify Wrapped, Свифт беше најстримуваниот уметник во 2023 година на глобално ниво, со повеќе од 26,1 милијарди стримови од 1 јануари. Тоа значи дека поп-дивата ја симна од тронот порториканската регетонска ѕвезда Бад Бани, кој ја имаше посакуваната титула три години по ред почнувајќи од 2020 година.
Тој е на второто место во 2023 година, следен од The Weeknd на третото, Дрејк на четвртото и регионалниот мексикански музичар Песо Плума на петтото.
Во Соединетите држави, доминацијата на Свифт продолжи – таа беше најстримуваната уметница на платформата, следена од Дрејк и кантри ѕвездата Морган Волен.