Вооруженото крило на палестинската милитантна група Хамас, Бригадите Ал Касам, денеска ослободи две Израелки со руско државјанство.
Како што соопштија бригадите Ал-Касам на Телеграм, ослободувањето на двете заложнички е направено во знак на благодарност за ставовите на рускиот претседател Владимир Путин.
Двете израелски државјанки, кои имаат и државјанство на Руската Федерација, се предадени на Црвениот крст во Појасот Газа.