Министерството за внатрешни работи, продолжува со активно пребарување и собирање информации од теренот от со цел пронаоѓање на 14годишната Вања Ѓорчевска од Скопје.
Како што дознаваме, денеска МВР до Интерпол објавило Жолта потерница што значи дека вакво информирање добиле сите полиции членки на Интерпол, во случај таа повеќе да не се наоѓа на територија на Република Македонија.
Жолта потерница е глобално полициско известување за исчезнати личности. Се објавува за лица жртви од напуштено семејство, киднапирање, како и за изненадно исчезнување.
Ѓорчевска е исчезната од пред три дена, кога утрото тргнала кон своето училиште, но на половина пат до него и се губи секаква трага, а веднаш потоа телефонот и е исклучен.
Надлежните апелираат секој кој би имал каква било информација да пријави на бројот 112.