Во денешниот бурен дневен ритам, нашето тело страда доколку не му посветиме доволно внимание. Имунолошкиот систем е особено на удар, како еден од најважните носители на нашето здравје. Цинкот е еден од најважните минерали во организмот, неопходен за добар имунитет и многу функции во организмот. Тоа е есенцијален минерал, кој се наоѓа во мали количини во земјината кора.
Во храната најчесто се наоѓа во храната од животинско потекло, а поретко во храната од растително потекло. Тој е многу важен за функционирањето на целиот организам, а бидејќи организмот не го синтетизира, мора да го внесуваме со храна и суплементи, особено во зимскиот период.
Зошто е важно да му се обезбеди на телото цинк?
Цинкот е потребен за одржување на имунолошкиот систем, изградба на протеини, активирање на ензими и создавање ДНК. Исто така е важен за нормален раст, развој и сексуално созревање, како и за одржување на сетилото за мирис и вкус. Тој е еден од минералите со најголеми здравствени придобивки и има антиоксидантни својства. Недостатокот на цинк може да доведе до застој во растот, губење на косата и слаб апетит.
Дневната потреба за цинк е 10 милиграми.
Цинкот придонесува за зајакнување на имунитетот и отпорноста на организмот, ја намалува можноста за настинки. Витаминот А ја поттикнува ресорпцијата на цинкот, а во комбинација со витаминот Ц е одличен избор за спречување на настинки.
Во мозокот делува како модулатор и делува смирувачки, па затоа неговиот недостаток предизвикува нервоза, депресија, слаба концентрација, слаба меморија…
Тој е важен за регулирање на хормоните, па затоа е многу важно да се зема за време на репродуктивниот период и кај жените и кај мажите бидејќи влијае и на лачењето на тестостерон и на подвижноста на спермата. Неопходен е и за правилен раст и развој на бебето. Најновото истражување докажува дека доволниот внес на цинк за време на бременоста го намалува ризикот од предвремено породување.
Го спречува опаѓањето на косата и ја прави кожата свежа и здрава. Недостigot може да биде и причина за појава на првут, опаѓање на косата и испукани нокти.
Тој е составен дел од коскениот систем, па затоа е многу важно да се зема за време на менопаузата бидејќи го намалува ризикот од остеопороза. Цинкот и калциумот треба да се земаат посебно бидејќи така подобро ќе се апсорбираат, додека витаминот Ц на пример ја подобрува апсорпцијата на цинкот.
Како да внесете цинк во телото?
Цинкот мора да се внесува во организмот преку храната бидејќи телото не произведува доволно количествo цинк. Ако имате недостиг на цинк, животинската храна е многу подобар извор од растителната храна. На пример, ако не живеете покрај морето во близина на изворите на остриги, најлесниот и најдобриот начин да го внесете цинкот во вашата исхрана е да јадете црвено месо барем неколку пати неделно.
Говедското и свинското имаат 3,9 – 3,6 милиграми цинк на 100 грама, што значи дека со само еден стек од 150 грама можеме да добиеме преку 50 проценти од дневните потреби за цинк.
Важно е да се води сметка за правилна исхрана бидејќи, за жал, нема доволно храна богата со цинк. Освен месото, извори на цинк се рибата, сирењето, јаткастите плодови и житарките како просото, овесот, хељдата итн.
Храна богата со цинк се: црвено месо, особено говедското, јагнешкото и црн дроб, млеко и млечни производи. Го има и во пченицата, пченката, зелката, гравот, кикиритките, оревите, бадемите, семките од тиква и сончогледот.
Во случаи на сериозен недостиг на цинк, поради лоша исхрана или одредени дигестивни нарушувања, потребно е да се размислува за почесто внесување на храна богата со цинк.
Овој минерал го забрзува зараснувањето на раните, регенерацијата на ткивата, помага при изгореници и по хируршки интервенции.
Како да препознаете недостиг на цинк?
-Слаб имунитет, чести респираторни инфекции
-Исцрпеност и хроничен замор
-Тешко зараснување на рани и промени на кожата, преосетливост на болка, задржување на модринки неколку дена
-Тешкотии да се прилагодат на темнината
-Нарушување на вкусот, губење на апетит и чести мачнини, губење на тежината
-Честа нервна напнатост, нервоза, слаба концентрација, слаба меморија и заборавеност
-Честа дијареа и нервозни црева
-Опаѓање на косата и првут, ноктите се кршливи и лесно се кршат и пукаат
-Кожата е сува и дехидрирана
Внесувањето на големи количини на кофеин и никотин може да биде причина за недостаток на цинк.