Долгоочекуваното судење едно од најголемото во историјата на англискиот фудбал во кое на обвинителна клупа ќе се најде актуелниот европски и англиски првак Манчестер сити ќе се случи во есента 2024 година. Во овој судски процес на Манчестер ити ќе му се суди за 115 случаи на прекршување на финансиските правила кои ги регулираат деловните и спортските одлуки на клубовите во Премиер лигата. Од 2018 година до оваа година се водеше истрага поради сомнежи во бизнисот на актуелниот европски шампион. Откако е познат терминит за судското рочиште навивачите на Сити можат да бидат мирни, бидејќи нивниот тим сигурно ќе биде член на Премиер лигата и следната сезона. Доколку Сите биде прогласен за виновен може да биде исфрлен од премиерлигашката конкуренција. Клубот од Манчестер го собра најскапиот и најмоќниот адвокатски тим во Велика Британија, кој вети дека ќе ги надмине сите обвиненија.